Ноќеска околу 04 часот во Полициска станица Аеродром било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул. Анастас Митрев, дошло до физичка пресметка помеѓу К.Д. (28), Ф.С. (32) и М.З. (34) од една страна и К.А. (30), Н.А. (24), А.Д. (38), С.Т. (23) и Н.Ф. (27) од друга страна, сите од Скопје, кои биле под дејство на алкохол.

Причина за физичката пресметка била претходна расправија.

Ф.С. бил пренесен во Комплексот клиники,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.