Вчеравечер во 21.45 часот женско лице во полиција пријавило дека на ул. „Христо Татарчев“ 17 во Скопје имало нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица.

Како што сопшти денеска МВР, околу 21.30 часот А.Б (26) од Скопје со живеалиште на наведената адреса, физички бил нападнат од две машки лица кои живеат на истата улица и кои пред неговата куќа кршеле стаклени шишиња.

Во обид да ги спречи во нарушувањето на Јавниот ред и мир, А.Б најпрво физички бил нападнат од едното машко лице, а во негова одбрана дошол и брат му П.Б, по што на улицата излегле и неговата мајка В.Б (49) и неговата сопруга В.Б (26), сите од Скопје кои сакајќи да им помогнат, исто така физички биле нападнати од лицата, се вели во соопштението од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.