Ноќеска, околу 2 часот по полноќ, новинарите Љупчо Цветановски, Дејан Андоновиќ и Петар Серафимовски, биле нападнати од група, од седум до осум лица на возраст од дваесетина години на улицата „Есперанто“.

Цветановски е новинар во Телевизија „Алфа“, Андоновиќ, работеше во Сител, Радио Слободна Македонија, Нова Тв, , а Серафимовски е вработен во Македонско Радио.

Тројцата, биле нападнати на излегување, од угостителскиот објект „Александрија“, по што, од група од седум – осум лица, без повод и причина, ниту пак претходна расправија, биле нападнати – мотивите, и идентитетот на напаѓачите, засега се непознати a случајот е пријавен во полиција.

Минатата недела пак, нападнат беше и новинарот Саше Димовски додека седел во кафуле. Димовски е уредник на порталот Сведок.мк и се занимава со аферите и скандалите во судството.

МВР презема интензивни мерки за итно и целосно расчистување на настанот.

Од Владата во заминување најостро го осудија нападот врз новинарите што минатата ноќ се случил во Скопје, и овие инциденти ги оценува како неприфатливи и недозволиви.

Поаѓајќи од својот деклариран став за нула толеранција за какви било напади, закани, уцени или притисоци, Владата укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, треба да биде најостро осуден и санкциониран, и во таа насока ги повикува институциите итно да ги преземат сите неопходни мерки да се откријат и казнат сторителите, се вели во соопштението на Влдата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.