изминатото деноноќие, се случиле два пожари на подрачјето на Куманово и Старо Нагоричане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Гром го предизвикал пожарот во Старо Нагоричане во село Добрача каде изгореле 500 бали слама во опожарен помошен објект.

Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане интервенирала од 18:15 часот со едно возило и двајца пожарникари во село Добрача на запалена плевна. Од гром биле запалени 500 бали слама пожарот е ставен под контрола во 21:50 часот – информираше РЦУК Куманово.

Кумановската територијална противпожарна единица интервенирала на пожар на „дивата“ депонијата, на улицата „Ѓорче Петров“ каде што имало запалено ѓубре во периодот од 20:20 до 20:50 часот со едно противпожарно возило и троца пожарникари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.