Грчки државјанин загина во вчерашаната сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско, во близина на с.Тројаци. Како што соопшти МВР, патничко возило „нисан“, со грчки национални ознаки, управувано од А.Л.(69) од Република Грција, во 13:30 часот излетало од патот.

По незгодата, А.Л. бил пренесен во Здравствен дом „Борка Талески“ во Прилеп, но по кратко време починал.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.