Во Битола вчера биле пронајдени стари артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна.

На 26.10.2020 во 10.50 часот било пријавено дека во Битола, при вршење на ископ кај старата трибина од стадионот под „Тумбе Кафе“, во правец кон старата касарна, биле пронајдени стари артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна – информираат од МВР.

Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, гранатите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.