Вчера околу пладне во атарот на село Крклино, битолско, на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари, била пронајдена артилериска граната калибар 75 мм од Прва светска војна.

Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.