Вчера околу пладне во СВР Битола било пријавено дека при изведување на градежни работи во близина на црквата во с.Трново, битолско, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.