Згрозен и потресен сум од снимките со крајно вознемирувачка содржина кои прикажуваат насилство врз девојче, а кои очигледно се случиле во нашиот град, вели градоначалникот на Штип Благој Бочварски.

Тој силно го осуди овој „одвратен, примитивен чин на насилство“.

Информиран сум дека службите веќе ги лоцирале сторителите на ова нечовечко дело и дека насилниците веќе се приведени. Ова злодело мора да биде најстрого казнето за повеќе никогаш да не се повтори, порача Бочварски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.