Пожарот кој речиси цел ден му се закануваше на Кочани, веќе го зафати градот. Огнот веќе зафатил куќи во неколку населби.

Додека жителите се во паника и се обидуваат да ги спасат своите имоти, Стојанче Ангелов се правда дека не можеле да помогнат бидејќи имало многу пожари?!

Градоначалникот Николчо Илиjев вели дека помош не добиваат зашто има повеќе пожари во регионот и секоја противпожарна единица гасне на својата територија.

„Веќе се зафатени повеќе куќи, во непосредна близина има борова шума која е зафатена, се шири во неопределен правец, на каде ќе дувне ветер. Едно возило од противпожарната единица ни го зафати огнот. Во регионов во секое населено место има пожари, не може никој да ни излезе во пресрет, состојбата е очајна. Разговарав со ЦУК повеќе пати, ги молев да ни дадат еден хеликоптер. Нема и нема. Не знам што ќе ни даде ноќта“, рече Илиев за 360 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.