Градежен работник пренесен во болницата во Кавадарци со тешки телесни повреди, откако се повредил на работно место.

Според пријавеното, вчера во 14.00 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека во Општа болница Кавадарци бил донесен Б.Н.(56) од Кавадарци, кој се здобил со тешки телесни повреди при изведување на градежни работи на ул.„Битолска“ во Кавадарци, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.