Градежен работник вчера паднал од скеле на третиот кат од објект во изградба во Штип. Несреќата се случила во населбата „8 Ноември“, од каде што работникот со повреди на нозете и ребрата бил пренесен во штиската клиничка болница, објави „ТВ Стар“.

Според извори на „ТВ Стар“, работникот не бил осигуран, а при сослушувањето газдата изјавил дека тој работник не го познава. Според него, тој на третиот кат од зградата се качил од љубопитнст.

За несреќата информирани се полицијата, Трудовиот инспекторат и Јавното обвинителство.

извор: ТВСтар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.