Шеесет и четиригодишен градежен работник од Скопје со тешки телесни повреди бил донесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 15.30 часот во СВР Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со Д.В. (64), кој изјавил дека околу 15.00 часот, додека извршувал работни задачи на објект во изградба на подрачје на Центар, се лизнал и паднал од висина – информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен трудов инспектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.