Одделението за управни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради зголемен интерес за издавање на готовите лични документи, објектот во МТВ и пунктовите Беко, Драчево, Бутел и Ѓорче Петров ќе работат и в сабота.

На 24.07.2021 година, со работно време од 08.00 до 16.00 часот, лични докумети ќе се издаваат во МТВ и во пунктовите Беко, Драчево, Бутел и Ѓорче Петров, додека во недела, на 25.07.2021 година готовите лични документи ќе може да се подигнат само во објектот на МТВ, и тоа од 08.00 до 16.00 часот, известуваат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.