Жител на селото Долна Бањица, гостиварско, е уапсен од полицијата затоа што од автомобил украл женска чанта.

На 27.12.2020 околу 18.10 часот, на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Е.М.(42) од с. Долна Бањица, гостиварско кој претходно извршил кражба во возило и при тоа одзел женска чанта со повеќе предмети, информираат од МВР.

како што велат оттаму, одземените предмети му се вратени на сопственикот, а против пријавениот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.