Вчера околу 4:20 часот полициски службеници на СВР Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 41-годишниот М.Х. од Гостивар, кој претходно бил пријавен од неговата 42-годишна сестра дека физички ја нападнал и повредил неа и нејзиниот
малолетен син.

Според пријавеното, М.Х. во нападот користел и остар предмет.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.