Гостиварец бил приведен синоќа заради напад на полицаец. Како што информира СВР Тетово, полициски службеници вчеравечер во 22 часот и 35 минути, на излезот од Гостивар, го лишиле од слобода Х.И. (62) од гостиварското село Здуње.

Тој претходно управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски ознаки, не почитувал дадена наредба од сообраќајна патрола. Набрзо потоа и физички нападнал еден полициски службеник.

Х.И. задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.