Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднел Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „телесна повреда“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот 32-годишен жител на Гостивар, при вршење семејно насилство во семејната куќа во гостиварската населба Циглана, телесно ја повредил неговата сопруга.

На 17 август тој физички ја нападнал оштетената со повеќе удари со раце и нозе по телото и главата, ја влечел и ја соборил, па и го одзел мобилниот телефон и 5.000 денари кои оштетената ги имала кај себе – посочуваат од ЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.