Денеска на граничниот премин Стар Дојран приведени се Е.М. и Е.Х., двајцата од с. Долна Бањица, Гостивар поради обид да пренесат марихуана преку граничниот премин.

Е.М. управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблички и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од Република Македонија на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 кеси со марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.