Три активни пожари во моментов беснеат околу Скопје, вели командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски. Активно гори над Драчево, каде се регистрирани два шумски пожари, а екипите веќе се на терен.

Во моментов гори и во населбата Бардовци, каде поради ветрот, огнот брзо се шири и постои опасност да ги зафати и куќите. Командантот Симоновски за „Република“ вели дека на лице место се испратени неколку екипи и дека активно се работи на гаснење на пожарот.

Очевидци за „Република“ велат дека жителите од куќите ги прскаат своите имоти со вода за да го спречат проширувањето на огнот, но ветрот го отежнува гаснењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.