Гори нискостеблеста шума и сува трева над селото Горни Балван во општина Карбинци, информира командирот на ТППЕ Штип, Тони Атанасов.

Во гасењето на пожарот биле ангажирани сите расположиви возила и пожарникари од ТППЕ Штип, а на помош се престигнати и екипи од Пробиштип и Кочани, информира Атанасов.

Се прават напори за ставање на пожарот под контрола, кој засега засилено се шири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.