Пламените јазиции во Кочани стигнаа до градот и според првичните информации веќе изгореа неколку куќи меѓу кои е зафатена и куќата на градоначалникот Николчо Илиев, објави Слободен печат

Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.