Активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула – гори борова и дабова шума и ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Интервенирано е со едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“.

Освен овој активен пожар во Охридско, 26 се изгаснати, соопшти  утрово  ЦУК за состојбата со пожарите во земјава во изминатите 24 часа.

Во изминатото деноноќие (9-10 август 2022) изгаснати се пожарите кај Студеничани, Ѓорче Петров, Куманово, Битола,.Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Дебар, Тетово, Шуто Оризари..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.