Попладнево голем пожар избувна во близина на Чаирчанка, објави ТВ21.

Според информациите на репортерот на ТВ21 од лице место, зафатени се 4 објекти, за среќа нема повредени лица.

Од МВР потврдуваат дека зафатени се 4 објекти и на истите се интервенира со 8 противпожарни возила.

На 25.05.2021 околу 17 часот известени сме дека избил пожар кој до овој момент има зафатено два дуќани – сервиси за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница. Повредени лица како последица на пожарот до овој момент нема. Во моментов сè уште се гасне пожарот од страна на БППЗ кои интервенираат со 8 возила – истакнале од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.