Уште две пожарни пристигнаа во Бардовци, каде поради силниот ветер огнот брзо се шири. Дел од населението веќе ги прскаат своите куќи и дворови со вода, за пламенот да не ги проголта.

Но, дел од жителите на скопската населба, не сакаат да ги напуштата домовите иако огнот веќе задати дел од објектите.

Огнот се приближува, некои куќи веќе горат, но некои луѓе не сакаат да излезат. Језиво, вели очевидец за „Република“.

Како што за „Република“ претходно информираше командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, на лице место се испратени неколку екипи и активно се работи на гаснење на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.