Кристијан Голубовиќ во интервјуто за „Република“ со радост зборуваше за Македонија и тоа колку  ја сака нашата земја.

На прашњето што прво помислува кога некој ќе му спомене Македонија тој вели.

Прво помислувам на кумановските полиња каде се запознав со Мујо некогашниот командант на „Лавовите“ .Тогаш тој ми рече „Фала браќа Срби што дојдовте да го браните она што вие го браневте на Косово“. Тогаш му реков дека не дојдов да го бранам она што се брани на Косово туку да ги бранам македонските браќа и дека ние „волците“ дојдовме да ги браниме „лавовите“ да ја истераат правдата. Да знаевме дека не сте во право.Но, низ историјата се покажа дека Македонците се добри домаќини, добри луѓе, ја сакаат Србија.Мене ми е жал што Македонија се отцепи од Југославија, требаше да остане со нас и да бидеме посилни.Македонија има душа на кралот Александар кој го освои целиот свет.

Кој беше Мујо

Горан Георгиевски – Мујо е македонски бранител и поранешен командант на расформираната Единица за брза интервенција „Лавови“.

За многумина е карактеризиран како криминалец. Етикетата ја има заработено кога во 1990 година предизвика тепачка со офицери на ЈНА кои ги демонтираа и празнеа македонските касарни. Мујо работеше во Царина.​

На 4 април 2005 година е убиен пред ноќниот клуб „Линка“ во Куманово. Во престрелката во полноќните часови пред ноќниот бар, газдата Горан Стојковски-Линка со 13 куршуми од пиштол го уби Горан Мујо, а во крвавиот инцидент смртно бил застрелан и 22-годишниот придружник на Мујо — Ненад Велковски-Чавка, додека уште три лица од придружбата на Мујо беа потешко повредени. Убиството на Мујо и на Чавка е еклатантен пример на политичка пресметка со остатоците од расформираната единица „Лавови“.

Мујо бил испратен од неколку илјади пријатели од цела Македонија, од Србија и Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.