Вчера околу 14 часот на ул. „Васко Карангелевски“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ц.С. (61) од Битола и мопед „Априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од А.Р. (16) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничка болница Битола, додека сопатникот на мопедот О.С. (16) се здобил со телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.