Синоќа околу 22 часот на ул. „Македонија“ во Злетово, пробиштипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Х.З. (41) од Злетово и мотоцикл „Лифан“ без регистарски ознаки, управуван од Ф.К. (20) од с. Ратавица, пробиштипско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој бил пренесен во Клиничката болница Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Пробиштип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.