Ноќеска околу 02 часот било пријавено дека на крстосницата од улица “Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица “Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолсваген голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од Е.З. (22) од Скопје и патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.З. (23) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “Фолсваген голф“, Ф.З. (18), а со телесни повреди се здобила сопатничка од истото возило А.Ш. (20) од Струга, како и Е.З. констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.