Кражбите на возила од типот „Голф 5“ во регионот на општина Чаир станува секојдневие. Така барем кажуваат граѓаните, кои се жалат дека само во последните два дена се пријавени два случаи на кражба на „голф 5“, објави „Алсат“.

Една од сопственичките, чиј автомобил бил украден пред околу четири дена, Шахадие Османи вели дека случајот го пријавиле во полиција, но не добиле никаков одговор, иако како што вели таа од нејзиниот дом  крадците со автомобилот морале да поминат низ улиците каде има камери. Таа додава дека го побарале автомобилот насекаде каде што се сомневале дека може да биде, но не можеле да го најдат.

Беше пријавен еден случај од Бутел чиј автомобил беше украден пред две недели, следниот ден имаше уште два други случаи, еден запален автомобил, и два други украдени. Ни се јавија и тие да брашаат ние да не имаме некаква информација, но сите беа безнадежни. Но, ние веруваме во надлежните органи, но сега колку ќе работат и ќе се справат со овој случај не знам. Веќе гледаме дека има паника кај сите граѓани, овде на паркингот се обидуваат да ги блокираат автомобилите од истиот тип, се шири паника – вели Османи.

Од МВР ја потврдуваат кражбата на две возила во последните два дена. Од овој оддел велат дека во главниот град бројот на украдени возила е уште поголем.

Во периодот од 01 до 11 ноември пријавени се 13 украдени возила во скопскиот регион. Во истиот период беа пронајдени 10 возила кои беа пријавени како украдени. На 19.11.2020 година беа пријавени уште две возила во регионот на Чаир, и тоа возило „Голф“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „опел“ со норвешки регистарски таблички – велат од Министерството за внатрешни работи.

Покрај кражбите, пред два дена во Топанско Поле во Чаир, беше запален и еден автомобил „Голф 5“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.