Ноќва петнаесет минути по полноќ, па до 2 часот од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово при Бирото за јавна безбедност на МВР, врз основ на писмена наредба од судија по претходна постапка при Основен Суд Гостивар, бил извршен претрес во угостителски објект и други помошни простории сопственост на Р.Б.(46) од с. Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од МВР денеска, при извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години од кои три се државјанки наМакедонија, шест се државјанки одАлбанија и една од Косово, кои заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело „Трговија со луѓе“ член 418-а, од Кривичниот законик. Против нив по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.