Голема полициска акција е во тек во непосредна близина на граничниот премин Богородица, запленета е марихуана вредна околу 200.000 евра. Уапсени се пет лица, тројца албански државјани и двајца македонски државјани. Ова се информациите кои ги објави Тв 21 повикувајќи се на свои извори. Од МВР официјално само потврда дека е во тек акција за заплена на дрога, а повеќе детали ќе се знаат утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.