Во временскиот период од 22,00 до 04,00 часот, полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со повеќе организациски единци во МВР, како и надлежни инспекциски служби при УЈП, Трудова и Пазарна инспекција, на подрачјето на СВР Тетово спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти каде престојуваат и нелегално се вработени странски државјани, како и за откривање на други кривични дела.

При акциската контрола опфатени се пет угостителски објекти од кои три на подрачјето на Тетово и два на гостиварското подрачје. При контролата во угостителските објекти затекнати беа вкупно 39 женски лица од кои 13 се државјанки на Р. Македонија како и 26 странски државјанки од кои 11 се државјанки на Р.Србија, девет се државјанки на Р.Албанија, четири државјанки на Р.Бугарија, една државјанка на Босна и Херцеговина и една државјанка на Р.Косово.

Затекнатите лица се на возраст од 20 до 46 години. Лицата се приведени и задржани за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.