Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје со едно возило од пред еден час интервенира на гаснење на пожар во Институтот за трансфузилогија.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека во моментот друга екипа се упатува да интервенира на поголем пожар во општина Илинден кај Окта.

Пожарот зафатил површина стрништа на потегот на кумановските села Агино село-Брзак и скопско Дељадровци, информираа денеска од територијалната противпожарна единица Куманово, чии две екипи се на терен, речиси три часа.

Пожарот во кумановската противпожарна единица е пријавен напладне и е видлив од автопатот Куманово-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.