Голем пожар попладнево избувнал во шумата над Елен Камен во Струга, над патот за Радожда. Според информации од очевидци на местото на настанот огнот многу бргу се шири поради силниот ветер. Локалните жители стравуваат дека може да бидат зафатени и куќите, објави „Сител“.

Во моментов на терен работат екипи на против пожарната бригада, но како што сведочат очевидците, силниот ветер е голем проблем и веќе зафатил голем предел.

За пожарот веќе се известени сите надлежни институции.

Видео од пожарот на следниот ЛИНК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.