Дел од двата тона марихуана украдени од Јосифово завршил во Косово, откри денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на владиниот план „Акција 21“ за следната година.

Се работи со службите за да се стигне до крај и да се изведат одговорните пред лицето на правдата, рече Заев.

Изјавата на Заев следи откако МВР неколку дена апелираше на трпение додека да се заврши истрагата. Заев потврди дека голем дел од  марихуаната преработена и спакувана завршил надвор од границите на државата.

Во акцијата во селото Мојанци пронајдени беа само 231 килограм марихуана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.