На 30.10.2021 во 8,00 часот во СВР Куманово И.С.(59) од Куманово пријавил дека во с.Габреш на место викано Островица, пукајќи во лов го застрелал Ч.Р.(67) од с.Лопате.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатиранa било смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.