Основниот суд во Тетово му определи 30-дневен притвор на осомничeниот за убиството што се случи синоќа во Тетово.

Л.Д. (46) е осомничен за кривични дела убиство и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

Убиството се случило откако на маса во објект ул. „29 Ноември“ во Тетово заедно седеле пет лица и пиеле алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои лицето починало на лице место. Останатите три лица кои беа задржани во полициска станица непосредно по инцидентот, се сведоци на настанот, соопштија од тетовското oбвинителствo.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.