На социјалните мрежи се појави видео снимка од камера која сопствениците ја поставиле откако во текот на неколку месеци константно некој им крадел борчиња, елки и цвеќиња кои си ги засадиле сопствениците во дворот.

Луѓе, во изминатите неколку месеци константно од нашиот двор крадат. 17 борчиња и елки, посадени цвеќиња и тоа од земјата и цвеќиња со саксии. Истото се случуваше и во околината, низ туѓите дворови. Поради таа причина се обезбедивме со камери. Еве во виновникот. За жал човек во години на кој воопшто не му доликува тоа.

Ќе ве молам да го споделите видеото и доколку некој го препознае да не контактира во инбокс. Им благодариме на сите кои ќе се потрудат да ни помогнат.

Убав ден, добри луѓе, напиша Јулијана Витларова, која ја сподели снимката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.