СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(28) од струмичкото село Баница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „подведување и овозможување полови дејствија“ и против С.Т.(24) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „подведување и овозможување полови дејствија“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Спорд МВР, В.Ѓ. во текот на летото 2019 година добил понуда од С.Т. да му овозможи средба со малолетничка во напуштен локал во трговски центар, каде што В.Ѓ. извршил обљуба над оштетената, а С.Т. со мобилен телефон го снимал настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.