Полициски службеници на СВР Тетово вчера (16 август) во 18 часот и 50 минути го привеле 43-годишниот тетовец О.С.

Како што информираат од тетовската полиција, лицето непосредно пред тоа било пријавено од неговиот 72-годишен татко дека се однесувало агресивно, го навредувало и му се заканувало.

Тој е задржан во Полициската станица за натамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.