Дијана Ангелевска, мајката на 12-годишниот велосипедист Давид Ангелевски, кој на 18 септември 2015 година, беше прегазен на пешачкиот премин кај Градската фонтана, во редакцијата на „Јанаки знае“ реагира на последните судски наоди, според кои за незгодата виновен е малолетниот Давид, иако истиот е на пешачки премин во моментот на ударот, и иако возачот се движи со брзина поголема од безбедната.

На 18.09.2015 година на пешачки премин кај фонтаната во Градски парк беше прегазен и усмртен мојот син Давид кој имаше 12 години. Го прегази „суштество” кое зборело на телефон и не го видела….дрска, безобразна и арогантна што откако се случило не излегла ниту од кола па кога некој од очевидците и рекле да излезе покажала среден прст, седела во кола и зборела на телефон. Таа дрскост, ароганција и безобразие трае еве веќе четири години. Судскиот систем во државава сè уште не може да осуди несовесен возач кој усмрти дете односно не сака, бидејки изгледа добро и оди со митото и корупцијата во судството. Почина дете кое имаше живот пред него, а судот се однесува како да е сообраќаен прекршок, 4 години не може да го осуди причинителот за смрта на Давид. Заклетвата за совесно и достоинствено извршување на должноста како судии не вреди во судскиот систем и треба да се смени со заклетва дека совесно и достоинствено ќе се прима мито и почитува корупцијата, револтирано финишира ожалостената мајка.

Целиот текст прочитајте го на „Јанаки знае“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.