Maја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо, вчера беше приведена во Полициската станица Беко. МВР ја потврди информацијата, а освен Трпковска приведени беа уште две лица.

Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ три лица Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – се вели во официјалното соопштение на МВР.

Од тоа што го изјави Трпковска за Инфомакс таа не сторила ништо лошо. Го извикувала името Македонија на плоштадот во Скопје, а на себе носела маичка со сонцето од Кутлеш, објави порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.