Скопјанец на возраст од 49 години бил пронајден починат од страна на Итната медицинска помош во неговиот стан, на улицата Никола Русински, информира МВР.

На местото на настанот била затекната В.М.(57) од Скопје, која изјавила дека претходно добила повик од мажот кој и кажал оти го каснал стршлен и побарал од неа да повика итна медицинска помош.

На 05.07.2020 во 17.00 во Полициската станица Карпош, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека околу 16.30 часот во својот стан на ул.„Никола Русински“ бил пронајден починат М.Т.(49). На местото на настанот била затекната В.М.(57) од Скопје, која изјавила дека во 16.11 часот добила повик од М.Т. дека го каснал стршлен и побарал од неа да повика итна медицинска помош- стои во дневниот билтен на МВР.

Увид на местото на настанот извршила полицијата, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.