СВР – Куманово вчера поднесе кривична пријава против Р.С. (29) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, на 6 мај 2020 година во неговиот дом во Куманово, од страна на полициски службеници од СВР Куманово бил извршен претрес, при што била пронајдена 541,61 грама марихуана, која ја препакувал во 18 опаковки и ја подготвил за улична препродажба, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека од страна на истражен судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.