Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ и „тешка кражба“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (31) од Струга, соопштија денеска од МВР.

Тој во неделата за време на полицискиот час во 16.35 часот, бил затекнат од страна на полициски службеници на ул.„Боро Хаџиески Путе“ во Струга.

По дополнително преземените мерки, било констатирано дека претходниот ден извршил тешка кражба во ОУ„Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде, по насилно влегување, противправно одзел повеќе видoви на машини и апарати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.