Од синоќа во воспитно-поправниот дом во Тетово е воведена специјална, вонредна котрола од страна на директорот на Управата за извршување на санкции, откако Народниот правобранител во својот најнов извештај за состојбата на децата и нивното здравје во оваа установа откри застрашувачка состојба. Имено, на малолетниците им биле препишувани „дијазепам“, „хелекс“, „менделекс“, „депакине“, „рисперидон“ и слично од 5 до 20 милиграми дневно, што со оглед на возраста на децата е многу силна доза.

Како што дознава Слободен печат, експерти од Управата за санкции и денеска темелно ги проверуваат сите наоди на Обдусманот и интерните досиеја за секој осуденик посебно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.