Две жени од Штип и Кочани биле измамени од гатачки, а случаите ги пријавиле вчера.

Како што информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, првата измама се случила на 3 март откако две лица дошле во дворот на штипјанката (50) и под изговор дека знаат да гледаат, ја довеле во заблуда и ѝ одзеле златен накит.

Вториот случај се случил вчера во 16 часот во Кочани. Измамената 66 годишна жена пријавила дека женско лице дошло во нејзиниот дом и под изговор дека знае да растура магии, ја довело до заблуда. И во овој случај е одземен златен накит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.