Директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, изјави дека притворениот Сашо Мијалков се наоѓа во истражниот затвор – Скопје до правосилноста на пресудата, а каде ќе ја издржува затворската казна зависи од судијата за извршување санкции.

Апсолутно ве уверувам дека во овој момент можеме да му ја гарантираме безбедноста и на Мијалков и на сите осудени и притворени лица.  Изготвен е безбедносен план, конкретно за Мијалков, за негово движење, конкретно за шетањето и се запазени сите безбедносни протоколи и стандардни оперативни процедури за да не дојде до каков било инцидент – истакна Спасовски.

Тој заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски извршија увид во текот на попишувањето во Казнено-поправната установа К’шање, Кумановско.

Спасовски информира дека во овој момент нема позитивни лица на Ковид-19 во ниту еден затвор, ниту, пак, има некој што е сомнителен на корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.