На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 150 сообраќајни казни.

За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 30 санкции, 17 казни се за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 11 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 прекршоци што ги чинат пешаците, пет за користење мобилен телефон, 43 за непрописно паркирање – соопштија од МВР.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.